20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПола пиво пола вода

Пола пиво пола вода

badvajzer1

Американските потрошувачи ја тужат пиварата „Анхојзер Буш Инбев“ која го произведува пивото „Бадвајзер“, поради тоа што го разредува пивото со вода за да го зголеми својот профит.

Потрошувачите бараат казната да достигне десетици милиони долари, а пиварата ги отфрла обвинувањата како неосновани.

Како што тврдат адвокатите на потрошувачите, пиварата на неколку видови на пиво, вклучувајки го и пивото „Бадвајзер“, навела содржина на алкохол поинаква од онаа реалната.

„Пивото најверојатно се разредува непосредно пред да бидат наполнети шишињата и со тоа се лажат корисниците“, велат адвокатите, признавајќи дека сепак ваквите тврдења не се засноваат на изработени анлизи, туку на изјави на поранешните вработени во пиварата.

Главната тужба, која според правниците може да им донесе отштета на десетици милиони конзументи на пиво, е поднесена во судот во Сан Франциско, а слични тужби се подготвуваат и во Њу Џерси, Пенсилванија и во уште неколку други американски сојузни држави. Планирано е да бидат покренати вкупно 12 судски процеси, а тужителите ги повикаа потрошувачите да се придружат кон оваа тужба.

Преставникот на „Анхојзер“, Питер Крајмер ги отфрли ваквите обвиненија како неосновани. Компанијата ги почитува сите закони за точно декларирање на алкохолот, изјави тој.

„Анхојзер“ во четвртиот квартал од минатата година забележа пад на профит за 4,9 проценти, поради, како што соопшти компанијата, зголемените финансиските трошоци.

Нето профитот на пиварата во овој период се намалил на 1,76 милијарди долари за разлика од 2,85 милијарди долари остварени во последните три месеци од 2011 година.

„Анхојзер“ е најголем производител на пиво во светот. Меѓу неговите најпознати марки се „Бадвајзер“, „Бад“, „Стела Артоа“, „Старопрамен“ „Бекс“…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП