13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДуелите во Лигата на Шампионите влегуваат во решавачка фаза

Дуелите во Лигата на Шампионите влегуваат во решавачка фаза

ls pehar 49

Најсилниот клубски фудбалски турнир во светот влегува во решавачка фаза. Денес претстои уште една порција фудбал од екстра класа по терените на Стариот континент. Ќе се одиграат нови осум натпревари, кои можат да имаат клучно значење за развојот на битката за местата кои водат во осминафиналето на турнирот.

Актуелниот европски шампион, Реал Мадрид, ги има сите шанси уште денес практично да си ја запечати визата за 1/8-финалето, ако успее повторно да го победи Ливерпул, овојпат на домашен терен.

Бугарскиот шампион Лудогорец гостува кај Базел, во обид да го повтори својот успех од првиот натпревар во Софија и да направи сериозен чекор кон неверојатен подвиг и излез од групата.

Во исклучително деликатна ситуација пак се наоѓа италијанскиот шампион Јувентус, кој нема право на грешка и треба да бара победа над Олимпијакос, за да задржи реална шанса за пласман во следната фаза.

Борусија Дортмунд, пак, исто така може да си обезбеди учество во 1/8-финале, ако дома го победи Галатасарај.

Еве ги сите натпревари кои не очекуваат денес:

Од 18:00 часот:

Зенит – Баер (Леверкузен)

Од 20:45 часот:

Бенфика – Монако

Арсенал – Андерлехт

Борусија (Д) – Галатасарај

Малме – Атлетико (М)

Јувентус – Олимпијакос

Базел – Лудогорец

Реал Мадрид – Ливерпул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП