5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLoreal во проблеми поради слабиот раст

Loreal во проблеми поради слабиот раст

lorealv['ftrgtr5

Францускиот козметички гигант „Loreal“ во третиот квартал забележа пониска стапка на раст од очекуваната, поради падот на продажбата во секторот за производи за широка потрошувачка.

Овој најголем светски производител и продавач на козметика во третиот квартал оствари органски раст на приходите на годишно ниво од 2,3 проценти, на 5,39 милијарди евра, што е најниската стапка на раст од почетокот на 2009 година, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите за третиот квартал во просек предвидуваа раст на приходите од 3,6 проценти, по растот од 3,8 процeнти во првите шест месеци од годината.

Продажбата во секторот за производи за широка потрошувачка била за 0,4 проценти помала, најмногу поради падот на продажбата во Европа и лошите временски услови.

Луксузните производи во извештајниот период забележале раст од 4,9 проценти, по растот од 7,5 проценти во првите шест месеци, а т.н. активна козметика, која се продава во аптеките забележала скок на продажбата од 11,3 проценти.

За четвртиот квартал компанијата очекува забрзување на растот, а за цела 2014 година поголем раст од оној на светскиот пазар за козметика.

Пресметано според региони, продажбата на „Loreal“ во Западна Европа во третиот квартал е намaлeна за 0,4 проценти, малку е зголемена во САД (0,8 проценти) и забавена е во земјите во развој (+5,8 проценти).

Групацијата истовремено го забрза растот во Латинска Америка (+10,1 проценти), и покрај забавувањето на бразилската економија, и ја одржа истата стапка на раст (5,9 проценти) во Источна Европа, без оглед на кризата во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП