12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромена на трендот, Италија оди во минус

Промена на трендот, Италија оди во минус

I

Италијанската економија оваа година ќе потоне за 0,3 проценти, пред, во 2015 година да се врати на патот на растот, покажуваат ревидираните податоци на Заводот за статистика во Рим, Истат.

Истат остро ја намали прогнозата за бруто домашниот производ (БДП) оваа година во однос на првичната, која предвидуваше раст од 0,6 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Очекувањата за 2015 година и 2016 година исто така се намалени, па за наредната година се прогнозира раст на БДП од 0,5 проценти, а за 2016 еден процент.

Неочекуваното забавување на италијанската економија ги доведува во прашање ветувањата на премиерот Матео Ренци дека ќе го поттикне економскиот раст и ќе се избори со високата невработеност, истовремено почитувајќи ги буџетските прописи кои ги применуваат останатите земји на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП