19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестирајте во кубанската економија

Инвестирајте во кубанската економија

kuba, havana

Кубанската влада ги повика меѓународните компании да инвестираат повеќе од осум милијарди долари во таа земја, во обид да се поттикне економијата.

Министерот за трговија, Родриго Малеиерка Диас, објави листа од 246 проекти, од земјоделството до авиоиндустријата, за кои се потребни 8,7 милијарди долари.

Листата објавена на Меѓународниот саем во Хавана е последниот чекор во настојувањето Куба да привлече странски капитал бидејќи ги олесни условите за инвестирање и формираше специјална трговска зона на пристаништето Мариел, западно од Хавана.

Куба соопшти дека инвестициите мораат да достигнат износ од две милијарди долари годишно, со цел да се поттикне економскиот раст, за кој се проценува дека оваа година нема да надмине еден процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП