21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез странска работна рака некои италијански компании ќе се затворат

Без странска работна рака некои италијански компании ќе се затворат

630_farmworkers_jeremyrue

Без странска работна рака некои италијански компании уште утре ќе бидат затворени, соопшти италијанската Асоцијација на земјоделските производители, Колдирети.

Лидерот на огранокот на Колдирети во Пјаченца, Луиџи Бази изјави дека некои сектори воопшто не се привлечни за Италијанците и оти тие компании, опстануваат само благодарение на странската работна сила.

Италијанците едноставно не сакаат да работат одреден вид работи. За среќа сепак имаме земјоделци од странство, рече Бази.

Според податоците на статистичарите само во земјоделскиот сектор во областа Емилија Романа работат над 38 илјади странци од вкупно 139 земји. Најголемиот број се од Романија, а подоа следат работници од Мароко, Албанија, Индија, Полска, Бугарија и Тунис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП