12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеминар за автоматизација во композитното производство

Семинар за автоматизација во композитното производство

proizvodstvo-sem

Претставници на водечки компании од авионската и автомобилската индустрија од Русија, Италија, Германија и Унгарија ќе бидат дел од вториот семинар на тема „Автоматизацијата во композитното производство“ што денеска ќе се одржи во Прилеп.

Меѓународниот семинар во организација на Микросам АД заедно со Институтот за современи композити и роботика (СКР) ќе понуди и практичен дел во кој ќе биде вклучена демонстрација на најсовремените техологии за процесирање на композитини материјали и производство на композитни делови. Ќе биде преставено автоматско намотување на композити на резервоари под висок притисок и комплексни делови кои како крајни производи се вградуваат во вселенските структури, автоматско сечење на препрег и автоматско полагање на влакна налента.

Македонија преку Микросам е една од четирите земји во светот кои ја имаат развиено оваа технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП