18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКафеана во Истанбул казнета откако Ердоган „фати“ клиент како пуши во објектот

Кафеана во Истанбул казнета откако Ердоган „фати“ клиент како пуши во објектот

kol

Кафеана во Истанбул беше казнета со 6.000 турски лири (2.800 долари) откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган забележа еден од клиентите како пуши внатре и покрај забраната за пушење.

Ердоган во неделата минувал во квартот Есенлер по церемонија на отворање владин комплекс.

Притоа забележал на вториот спрат од кафеаната гостин кој пуши и покажал со прстот кон него, и потоа му упатил и погрдни зборови, но тој не престанал да пуши.

„Погледнете каков насилник. Еден претседател му кажува да престане да пуши, но тој продолжува“, им рекол Ердоган на соработниците кои го придружувале.

Целиот настан бил снимен и поставен на интернет. Подоцна властите одлучиле да го казнат сопственикот на кафеаната.

Истовремено, видеото со Ердоган кој се расправа со пушачот, беше предизвик и за сатирични и смешни коментари на социјалните мрежи. Еден од нив му упатува порака на Ердоган: „Пушењето не е толку штетно колку што сте вие“, јавуваат западни медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП