20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФутуристичкиот концепт на кросовер на Mercedes (фото)

Футуристичкиот концепт на кросовер на Mercedes (фото)

g code

„Mercedes“ го претстави концептот на мал кросовер „G-Code“ кој за погон користи водород и електрична енергија, пред премиерата која е закажана за крајот на ноември на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

Концептот „G-Code“ сведочи за тоа дека во „Mercedes“ сепак размислуваат и за мали модели кои во гамата би ја зеземале позицијата под актуелното семејство на компактни возила со преден погон.

g code1

Автомобилот е долг 4.100 mm, широк 1.900 mm, a висок 1.500 mm, и во споредба со моментално најмалиот кросовер на компанијата, моделот „GLA“, пократок е за 32 cm.

Ако германскиот производител се одлучи за сериско производство на ова возило, продукциската верзија на концептот „G-Code“ на пазарот ќе биде ривал на идниот најмал кросовер на „Audi“, моделот „Q1“, кој е најавен за 2016-та.

g code2

„G-Code“ го карактеризираат значително заоблени линии, што е резултат на соработката на двете дизајнерски студија на „Mercedes“ – германското и кинеското.

Предниот дел од возилото е остро засечен, со доминантна маска на ладилникот и „LED“ фарови во форма на стилизирана буква „G“.

g code3

На задниот дел се истакнуваат „LED“ стоп-светлата кои меѓу себе визуелно се поврзани со тенка светлосна лента.

Поради релативно малите должини на возилото, дизајнерите одлучија да го скратат задниот пар на врати и да ја променат нивната насока на отворање.

g code4

На тој начин, на патниците кои седат позади им е овозможен и полесен пристап во кабината.

Доколку се прашувате каде се надворешните ретровизори, одговорот е – ги нема. Или барем не во онаа класична смисла.

g code5

Наместо стандардните ретровизори тука се две мали камери на „А“ столбовите кои се свртени позади, чија слика се прикажува на централно поставениот дисплеј на инструмент таблата.

Каросеријата содржи и едно футуристичко решение – боја која водено служи како соларен панел преку кој автомобилот добива електрична енергија кога времето е сончево.

g code6

Покрај со сончевиот зрак, надворешноста на возилото е во стостојба да генерира електростатичка енергија која настанува при движењето на возилото кога воздухот струи преку каросеријата.

Колку дизајнерите на овој автомобил воделе сметка за енергетската ефикасност, говори и податокот дека во автомобилот е вградена т.н. „power-on-the-move“ суспензија, која ја претвора енергијата на движењето на амортизерите во електрична енергија.

Внатрешноста на концептот открива необични решенија, како што е широко, централно поставениот дисплеј, наместо класичните инструменти пред возачот, додека управувачот се состои од две вертикални рачки кои го заменија стнадарниот волан.

g code7

Во кабината има место за 4 патници, а секој од нив има сопствено, спортски обликувано седиште со специјални безбедносни појаси.

Деталите за погонскиот систем не се соопштени, но од „Mercedes“ открија дека станува збор за хибриден мотор кој се состои од единица која користи водород (за придвижување на предната осовина) и електромотор кој моќта ја испраќа на задната осовина, па така „G-Code“ има погон на сите четири тркала.

Иако „Mercedes“ тврди дека „G-Code“ ќе остане само на ниво на концепт, нема сомневање дека во компанијата се интересираат за реакцијата на јавноста и љубителите на оваа марка, па не е чудо ако оваа дизајнерска студија послужи како основа за некој нов модел во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП