22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОлеснувања за отплатата на хипотекарните кредити во Грција

Олеснувања за отплатата на хипотекарните кредити во Грција

grcijapropust

Грчката влада денес соопшти дека работи на план на граѓаните кои подигнале хипотекарни кредити да им се овозможи отплата со намалени каматни стапки на период од 15 години.

Официјална Атина се одлучи на ваков чекор во рамките на широките напори да се намали бројот на ненаплатливи кредити и пазарот за недвижнини да закрепне од остриот пад на цените до кој дојде за време на шестгодишната рецесија.

Министерот за развој Никос Дендијас изјави дека владата очекува дека наредниот месец ќе се финализира планот, кој на корисниците на хипотекарни кредити ќе им даде право да ја замрзнат отплатата на 30 проценти од кредитот, пренесува агенцијата Франс прес.

Дендијас наведува дека владата е во преговори со банките за предложениот план. Министерот додаде дека владата му го предала на парламентот предлог-законот за кредитните олеснувања за малите компании кои се тешко погодени со мерките за штедење, со кои официјална Атина мораше да се согласи во замена за меѓународна помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП