26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКина ја претекна Европа и стана најголем производител на возила

Кина ја претекна Европа и стана најголем производител на возила

kina proz koli

Како што пренесуваат светските агенции, Кина стана најголем производител на автомобили во светот, што ја потисна Европа на второто место.

Кинеското производство на патнички автомобили ги надмина сите останати, а минатата година произведени се скоро 18 милиони автомобили, а во Европа 14.6 милиони.

Според податоците на Европската автомобилска асоцијација, производството на возила во Европа останало исто меѓу 2012-та и минатата година. Кина ја престигна Европската унија во 2012-та година и со својот развој продолжи и во минатата година.

Таканаречената „БРИК“ група на земји, која ја сочинуваат Брзил, Русија, Индија и Кина, сега произведува 39.6 проценти од светските автомобили. Кина произведува 27.6 отсто, Индија 4.8 проценти, Бразил 4.2 посто и Русија 2.9 проценти од автомобилите.

Кинеската индустрија во 2002-ра година произвела милиони автомобили, а веќе во 2006-та се изедначи со САД со повеќе од четири милиони автомобили.

Скоро сите останати производители забележале пад во производството на почетокот на 2008-ма година, акинеската индустрија драматично напредувала и производството го зголеми од седум милиони автомобили во 2008-ма на 14 милиони кон крајот на 2010-та.

Податоците од 2012-та година покажуваат дека 2.2 милиони луѓе во Европа имаат директна врска со производството на сите видови на моторини возила, а 12.7 отсто од нив се вработени во целиот ланец за снабдување на автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП