21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводната активност во Кина на тримесечен максимум

Производната активност во Кина на тримесечен максимум

kinarast1

Растот на производната активност во Кина во октомври забрза на тримесечен максимум, но тоа не придонесе значително за ослабената кинеска економија, објави HSBC.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) кој го пресметува HSBC минатиот месец изнесувал 50,4 поени, што е над границата од 50 поени која го оделува растот од падот на секторските активности и тоа е најдобриот резултат од јулските 51,7 поени, пренесува агенцијата Франс прес.

Индексот ја следи активноста во фабриките и работилниците и се смета за клучен показател на здравјето на кинеската економија, која е важен двигател за глобалниот економски раст.

Кинескиот официјален ПМИ, сепак, во октомври е намален на 50,8 од 51,8 поени во септември, што е најслабиот резултат во последните пет месеци, соопшти Заводот за статистика во Пекинг. Втората по големина светска економија напредуваше за 7,3 проценти во третиот квартал во однос на растот од 7,5 проценти во претходните три месеци и тоа е најбавното темпо од 2009 година.

Кина во април покрена низа мерки за зајакнување на економскиот раст, вклучувајќи го и намалувањето на резервите на банките и влевањето на 500 милијарди јуани (81 милијарда долари) во петте најголеми банки со цел поттикнување на кредитирањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП