19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА7 паметни прашања кои можете да ги поставите на крајот на разговорот...

7 паметни прашања кои можете да ги поставите на крајот на разговорот за работа

intervju-za-rabota

Повеќето кандидати би требало да знаат да поставуваат прашања на крајот на разговорот за работа, но што всушност треба да прашаат? „Business Insider“ ви претставува неколку паметни прашања.

Што најмногу ви се допаѓа во работењето за оваа компанија?

Така ќе откриете дали ги делите истите вредности со работодавецот.

Како оваа позиција се развивала со текот на времето?

Нивниот одговор ќе ви окрие дали работата или позицијата се слепа улица.

Можете ли да ми наведете пример како би требало да соработувам со надредените?

Одговорот ќе ви открие на кој начин можете да ги презентирате своите вештини.

Кои се клучните приоритети на оваа позиција?

Така ќе дознаете на што треба да се фокусирате ако ја добиете работата, но и како да направите добар прв впечаток.

Кои се предизвиците на ова работно место?

Одговорот ќе ви открие со што ќе бидете соочени. Ако работодавецот не наведе никакви предизвици, тукуа постои причина за сомневање.

Што правеле претходните вработени за да успеат на оваа позиција?

Тоа ќе ви претстави како компанијата го мери успехот.

Постои ли неодлучност во врска со моите квалификации?

Со тоа ќе покажете дека сте доволно сигурни во себе да можете да разговарате за своите слаби страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП