5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид со раст на извозот од 11 отсто и нови 54 вработувања...

Алкалоид со раст на извозот од 11 отсто и нови 54 вработувања годинава

produkti alkaloid

„Алкалоид АД“ Скопје во периодот јануари – септември 2014-та година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

„Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби во износ од 4.344 милиони денари бележат зголемување за 2 отсто во споредба со остварените во истиот период во 2013-та година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 801 милиони денари што претставува зголемување од околу 10 отсто.

Нето добивката изнесува 457 милиони денари што претставува зголемување од 4 отсто“, соопштија од компанијата.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 5.550 милиони денари, додаваат, бележат зголемување од 8 отсто во споредба со остварените во истиот период во 2013 година, при што е реализиран раст на консолидираните извозни продажби од 11 отсто.

Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 833 милиони денари што претставува зголемување од околу 10 отсто. Нето добивката изнесува 440 милиони денари што претставува зголемување од 4 отсто.

Во периодот јануари – септември 2014-та година во „Алкалоид“ се реализирани 54 нови вработувања во Република Македонија, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП