19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена потрошувачката во САД

Намалена потрошувачката во САД

potroshuvachka-sad-

Личната потрошувачка во САД во септември е намалена по августовскиот раст, соопшти американското Министерство за трговија.

Личната потрошувачка, која сочинува околу 70 проценти од економските активности на САД, е намалена во септември за 0,2 проценти по августовскиот раст од 0,5 проценти.

Станува збор за првиот пад на потрошувачката од јануари оваа година кога таа се намали за 0,2 проценти поради острата зима, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува агенцијата Франс прес.

Личните приходи на граѓаните на САД се зголемени во септември за само 0,2 проценти во однос на претходниот месец, што е најслабото темпо на раст од декември 2013 година, додека стапката на штедење е зголемена во септември на 5,6 проценти, највисокото ниво од декември 2012 година.

Во периодот јули-септември, личната потрошувачка се зголеми за скромни 1,8 проценти на годишно ниво, што е помалку во однос на растот од 2,5 проценти во вториот квартал оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП