24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСанкции за фирмите кои не воведоа фискални каси со ГПРС уред

Санкции за фирмите кои не воведоа фискални каси со ГПРС уред

fiskalne-kase

Времена мерка – забрана за вршење дејност и парични глоби за правното лице и за одговорното лице, се дел од санкциите со кои ќе се соочат фирмите кои не воведоа фискални апарати со ГПРС уред.

Рокот за воведување фискални каси со ГПРС истече на 31 октомври до кога, според податоците на Управата за јавни приходи, таа обврска ја исполниле 3.958 правни субјекти.

Околу 5.000 обврзници воопшто ја немаат почнато постапката.

Обврска да воведат фискален апарат со ГПРС до 31 октомври имаа даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, како и обврзници кои вршат угостителска дејност и промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи).

За останатите рокот е 31 јануари 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП