18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтагнира невработеноста во ЕУ

Стагнира невработеноста во ЕУ

Germany Europe Union Nobel Peace Prize

Во септември во ЕУ стапката на невработеност остана непроменета во однос на август, на 10,1 проценти.

Во ЕУ во септември имало вкупно 24,5 милиони невработени лицa, при што 18,3 милиони биле во членките на еврозоната.

Тоа се незначителни промени во однос нa претходниот месец.

Во однос, на септември минатата година, стапката на невработеност во ЕУ е помала за 0,7 проценти поени во однос на минатогодишните 10,8 проценти, додека во еврозоната е намалена за 0,5 процентни поени во однос на минатогодишните 12 проценти.

Меѓу членките на ЕУ најниски стапки на невработеност се забележани во Германија 5 проценти и во Австрија 5,1 проценти, додека највисоките биле забележани во Грција 26,4 проценти и Шпанија 24 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП