2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi во Мексико се подготвува за производство на новите кросовери (фото)

Audi во Мексико се подготвува за производство на новите кросовери (фото)

audi q 6

„Аudi“ од 2017-та година во фабриката во Мексико ќе започне да го произведува и моделот „Q6“, „Coupe-SUV“ кој ќе биде базиран на следната генерација на моделот „Q5“.

„Q6“ сериски ќе има погон на сите четири тркала, а во гамата на мотори, според сегашните информации, ќе бидат два бензински и два дизел агрегати, со опсег на моќта од 177 дo 272KS.

Подоцна се очекуваат и помоќни верзии и тоа „S“ и „RS“.

Цената за „Q6“ во Германија би требало да почнува од околу 43.000 евра.

audi q5 2

Пред моделот „Q6“, „Audi“ во Мексико ќе стартува со производство и на новиот „Q5“ кој од погоните од оваа фабрика ќе излезе некаде на средината на 2016-та.

Со новата генерација на моделот „Q5“, германскиот производител ќе им конкурира на ривалите „BMW X3“ и „Mercedes GLK“.

Новиот „Q5“ меѓу останатото ќе биде достапен и во верзијата „Q5 RS“ со битурбо мотор со 450KS, потоа и како „Q5 e-tron quattro ultra“ („Plug-in-Hybrid“ кој комбинира 2.0-литарски „TFSI“ бензинец со 252KS и електромотор со 109KS), a се споменува и „Q5 RS TDI“ со 354KS и 700 Nm вртежен момент.

audi-q8

Кон крајот на 2016-та се очекува и „Audi Q8“ кој најверојатно ќе биде достапен само со пет седишта.

Се најавува дека ќе биде поспортски во однос на „Mercedes GL“, a полесен од „Range Rover“.

Што се однесува до моторот, засега се споменуваат 5.0-литарски „V10 TDI“ дизел и „Plug-in-Hybrid“ верзија со „V6“ дизел и електромотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП