5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија сеуште враќа воени долгови

Британија сеуште враќа воени долгови

dolgovivrakanje

Велика Британија отплатува две милијарди фунти (2,6 милијарди евра) долг на граѓаните кои и помогнале купувајќи државни обврзници за време на Првата светска војна.

Додека Европа ја одбележа стогодишнината од војната, шефот на Трезорот, Џорџ Озборн изјави во петокот дека Владата планира да откупи воени обврзници издадени во 1917 година, кога на тој начин рефинансираше 218 милиони фунти долг настанат уште во 18-тиот ек.

Овие два долга се обединети во 1927 во една обврзница со 4,0 проценти камата годишно. Тие обврзници немаат датум на доспевање, па Трезорот не е обврзан да ја исплати главницата се додека редовно ја исплаќа каматата, но сепак ќе го направи тоа.

Велика Британија оттогаш, а тоа е времето на Винстон Черчил, платила 1,26 милијарди фунти (1,6 милијарди евра) камата. Трезорот додава дека долготрајноста на тој долг е илустрација на она што го носи војната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП