30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМал раст на инфлацијата во еврозоната

Мал раст на инфлацијата во еврозоната

inflacijacenigermanija5e4f4f4ew4

Инфлацијата во еврозоната во октомври порасна на 0,4 проценти од повеќегодишниот минимум, покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат.

Истовремено стапката на невработеност во септември останала на непроменето ниво од 11,5 проценти.

Инфлацијата во октомври пораснала на 0,4 проценти од септемвриските 0,3 проценти, најниското ниво за последните пет години, додека стапката на невработеност во септември била на 11,5 проценти, исто ниво како во август и јули, се наведува во соопштението на Евростат, пренесува агенцијата Франс прес.

Вкупниот број на невработени лица во септември изнесувал 18,34 милиони, што е за 19,000 лица помалку во однос на август, додека инфлацијата во октомври остана значително под зацртаната цел на Европската централна банка (ЕЦБ)од нешто под два проценти.

Најновите резултати, како што оценуваат аналитичарите, се далеку од охрабрувачки, бидејќи најверојатно ќе извршат притисок врз ЕЦБ за поттикнување на економскиот раст во регионот.

Ниската инфлација обично се одразува со слаба побарувачка во економијата, а поради актуелното ниво на инфлацијата, се појави стравување од дефлација, односно континуиран пад на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП