4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony ја ублажи загубата благодарение на PS4

Sony ја ублажи загубата благодарение на PS4

whiteps4-2-2014-10-31-01

Јапонскиот електронски гигант „Sony“ во периодот јули-септември забележа загуба, но сепак пониска од онаа кoја ја предвидоа аналитичарите, благодарени на силната продажба на „PlayStation 4“, која донекаде го компензираше лошиот резултат во секторот за паметни телефони.

Оперативната загуба во третиот квартал изнесувала 85,6 милијарди јени (613 милиони евра), во однос на 164,3 милијарди јени колку што во просек прогнозираа аналитичарите, пренесува Ројтерс.

Во претходниот квартал „Sony“ оствари профит од 14,8 милијарди јени.

Компанијата ги намали и прогнозите за продажбата на смартфони од 43 милиони на 41 милион уреди, за тековната година, додека во минатата година таа продаде 39 милиони такви уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП