28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународен ден на осигурувањето

Меѓународен ден на осигурувањето

osiguruvanjemakedonijaiou8943ft4

Агенцијата за супервизија на осигурување денеска ќе го одбележи 1 ноември – Светскиот ден на осигурувањето.

На свеченоста организирана по овој повод ќе биде доделена награда за најдобар истражувачки труд од областа на управувањето со ризици и осигурување и ќе биде промовирана брошура за корпоративно управување во друштвата за осигурување.

Осигурителниот пазар во Македонија бележи позитивен тренд на пораст. Заклучно со 30 септември порастот кај неживотното осигурување е 4,6 отсто, а во делот на осигурување на живот има стапка од 21 отсто.

Претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски очекува ваквите високи стапки да се задржат до крајот на годината.

Тој потенцира дека недоволно е осигурувањето на домовите и оти според податоците имотното осигурување е 3,4 проценти.

„Тоа укажува дека многу е ниска ставката на пенетрација на имотното осигурување кај секторот население односно осигурување на својот имот, а причини има повеќе. Најнапред самата свесност на населението за потребата од купување на осигурување, потоа понудата на друштвата за осигурување кои треба да бидат насочени повеќе кон доброволните видови осигурување, бидејќи досега беше во делот на моторното осигурување или автоодготовноста“, изјави Попоски.

Тој очекува во периодот што следи во делот на имотното осигурување да има и да се бележи постојан раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП