10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДекларација на Македонија, Бугарија и Албанија за Коридорот 8

Декларација на Македонија, Бугарија и Албанија за Коридорот 8

9B1C158206A17647ADAD6D55255935D2

Министрите за транспорт на Македонија, Бугарија и Албанија денеска на средба во Софија усвоија Декларација за спроведување проекти од значење за трите држави и со која ќе се залагаат Коридорот 8 да стане еден од приоритетите на Европската унија.

„Со Декларацијата која ја усвоивме утрово со моите колеги министри тежнееме Коридор 8 да стане еден од приоритетите на Европската Унија. Сакам да потенцирам дека во Македонија се градат два нови автопати на Коридорот 8. Оваа година започнавме со работа на првата од трите делници за железничко поврзување со Бугарија, што значи дека активно работиме на проектите за поврзување на Македонија и Бугарија“, изјави министерот за транспорт Миле Јанакиески, по средбата со бугарскиот и албанскиот колега Николина Ангелкова и Едмонд Хаџинасто.

На средбата станало збор за проекти од заеднички интерес за трите држави, со можност да се аплицира за средства од европските фондови кои би овозможиле подобра комуникација и економска соработка, соопшти македонското Министерство за транспорт и врски.

Тројцата министри во Бугарија учествуваат на еднодневниот форум на тема „Балкан-инфраструктурно и транспортно поврзување меѓу Црното и Јадранското море. На форумот се истакнати добрите меѓусоседски односи помеѓу државите како и можностите за понатамошна соработка во делот на транспортот, патната и железничката инфарструктура.

Министерот Јанакиески, според соопштението,ги нагласил заложбите на Владата на Република Македонија околу проектот за изградба на пругата кон Бугарија, кој е во фаза на реализација во делот од Куманово до Бељаковце, со акцент дека е од исклучителната важност за потребата од нејзино целосно завршување. Укажал дека во фаза на проектирање е пругата од Бељаковце до Крива Паланка и оти набрзо се очекува да се избере компанија што ќе го проектира и последниот дел од Крива Паланка до Деве Баир, граница со Република Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП