7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПекабеско постојано отворен за нови вработувања

Пекабеско постојано отворен за нови вработувања

18

Две години по отворањето на новиот производствено логистички центар, компанијата за производство на сувомесни производи и дистрибуција Пекабеско веќе реализираше 100 од предвидените 200 нови вработувања.

Компанијата отвори повеќе огласи за вработување на лица од различни профили, неопходни за постојан развој, како и за континуирано унапредување на квалитетот и зголемување на процесот на производство. Од Пекабеско велат дека нивната компанија е постојано отворена за нови вработувања и оти граѓаните постојано можат да аплицираат.

Производствено – логистичкиот центар на Пекабеско е инвестиција вредна 13 милиони евра и е со површина од 19.700 метри квадратни.

Повеќе од половината или 10.500 припаѓаат на производствениот дел, а на дистрибутивните складишта 5.600 метри квадратни. Центарот ги исполнува сите европски и HACCAP стандарди за производство на сувомесни производи, а Пекабеско постојано ја збогатува својата палета на производи според барањата и вкусот на потрошувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП