9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија го потврдува своето закрепнување

Шпанија го потврдува своето закрепнување

spanija_1368724442_670x01jnfyr7

Економијата на Шпанија забележа раст од 0,5 проценти во третиот квартал оваа година во однос на претходните три месеци, што е петтиот квартал по ред во кој економијата на оваа земја расте.

Државниот статистички Завод во податоците објавени денес наведе дека растот во третиот квартал во однос на истиот квартал од 2013 година изнесува 1,6 проценти, додека во вториот квартал од 2014 година изнесувал 1,3 проценти во однос на вториот квартал од 2013 година.

Растот во периодот јули-септември сепак бил малку под 0,6 проценти кои беа забележани во претходниот квартал.

После две тешки рецесии во кои оваа земја падна на крајот на 2008 година, економијата на Шпанија започна да закрепнува во втората половина од 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП