26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Škoda Fabia Combi: импресивно практична

Новата Škoda Fabia Combi: импресивно практична

sko

-Најголем капацитет во класата од 530 литри; Внатрешноста е подолга и поширока
-Едноставно Умна”: 17 практични функции, од кои 10 се сосема нови
-Богата со емоции: свеж дизајн, ентериер кој може да се индивидуализира
-Поврзување: Škoda Fabia Combi поседува MirrorLink™ и SmartGate технологија
-Безбедноста и удобноста се на највисоко ниво, моделот е направен врз основа на модерната MQB платформа
-Животната средина: 17% поефикасна; најниска емисија на CO2 од 82 g/km
-Индивидуалност: иновативен внатрешен концепт
-Бестселер: лидер на пазарот во својот сегмент уште од 2000 година, повеќе од 1.1 милиони Škoda Fabia Combi се продадени ширум целиот свет
-На пазарот ќе се појави на почетокот на 2015 година

 
Новата Fabia Combi е најпопуларниот модел во сегментот мал автомобил.Третата генерација Fabia Combi уште еднаш ги подигнува стандардите со својата пространост, функционалност и со грижата за околината. Новиот надворешен изглед  се базира на експресивниот, емоционален и богат дизајнерски јазик. Новата Fabia Combi доаѓа со врвните системи за безбедност, нуди голема удобност а во неа вградени се системи за поврзување кои се карактеристични за повисоките сегменти, во овој дел најзначајно е да се спомнат новите системи за поврзување на автомобилот со паметните телефони MirrorLink ™ и Smart Gate. Новата Škoda Fabia Combi ќе пристигне во Македонија во јануари 2015 година.

“Новата Škoda Fabia Combi е совршена комбинација на просторот, функции и фантастичен дизајн. Згора на тоа, таа е богата со модерна технологија “, изјави извршниот директор на ŠKODA д-р Винфрид Валанд.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП