9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на ризични кредити во Индија

Зголемен бројот на ризични кредити во Индија

indijajkfn7y94yt

Обемот на ризичните кредити во банкарскиот систем во Индија е на тригодишен максимум, предупреди денес агенцијата за кредитен рејтинг „Moody’s“, наведувајќи дека прогнозите за банкарскиот сектор се песимистични поради слабото економско закрепнување.

На индискиот банкарски сектор, во кој доминираат државните банки, му се заканува опасност во вид на раст на ненаплатливите кредити, а високата изложеност на корпоративниот сектор би можела да го спречи значителното закрепнување на квалитетот на средствата, дури и ако економскиот раст малку забрза, наведува „Moody’s“, пренесува агенцијата Франс прес.

Индиската економија во фискалната година, заклучно со март 2015 година, би можела да забележи раст од пет проценти, по минатогодишните 4,7 проценти, што беше најлошиот резултат во последните 10 години.

Премиерот на Индија Нарендра Моди, кој дојде на власт во мај, се обидува да ја поправи деловната клима во земјата и да ја намали бирократијата со намера да се поттикне економијата. Високите каматни стапки со цел борба против упорно високата инфлација и падот на домашната валута рупиа, сепак, доведуваат до намален профит во компаниите, кои се мачат да ги намалат долговите.

Обемот на ненаплатливи кредити во Индија во моментот изнесува четири проценти од вкупните кредити, а се проценува дека до крајот на фискалната година ќе порасне на 4,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП