2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer ја зголеми прогнозата за профитот во 2014

Bayer ја зголеми прогнозата за профитот во 2014

bayer algeta

Германскиот хемиски и фармацевтски гигант „Bayer“, ја зголеми денес својата прогноза за профитот во 2014 година по успешниот трет квартал.

„Силниот тренд на работењето во одделот на бионаука, здравствена заштита и хемикалии за земјоделството, опстана во третиот квартал“, изјави извршниот директор на компанијата Маријн Декерс, и додаде дека е забележан раст на продажбата на неодамна лансираните нови фармацевтски производи и хемикалии за земјоделството во Северна и Јужна Америка, пренесува Франс прес.

Само во три месеци заклучно со септември, „Bayer“ забележа нето профит од 826 милиони евра, за 12,7 проценти поголем во однос на истиот период минатата година, додека профитот од работењето е зголемен за 12,7 проценти на 1,376 милијарди евра, благодарение на скокот на приходите од 5,6 проценти на 10,187 милијарди евра, се наведува во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП