20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСофија има најевтин, а Копенхаген најскап градски превоз во ЕУ

Софија има најевтин, а Копенхаген најскап градски превоз во ЕУ

gradskiprevoz

Градскиот превоз во Софија е најевтин, споредено со цените во останатите главни градови на земјите од Европската унија, покажува истражување спроведено од белгиските медиуми.

Оваа услуга е најскапа во Копенхаген, 17 евра за билет со важност до 24 часа. На второ место според висината на цената е Стокхолм со 12 евра.

Во Софија таков билет чини две евра, во Букурешт 3,60 евра, а во Атина четири евра.

Брисел е во средината на класификацијата со цена на дневен билет од седум евра.

Во Париз дневниот билет чини 10,85 евра, а во Лондон меѓу 11 и 21 евро, според часовите на патувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП