Русија ги зголеми резервите на злато во септември оваа година за 37,2 метрички тони (околу 1,5 милијарди долари), што е рекорден раст на залихите на злато од 1998 година.
Притоа, резервите на злато во руските резерви кои се на петтото место во светот, во септември достигнаа 1.149,8 метрички тони, објави Блумберг.
Цената на златото се намали минатиот месец за шест проценти и сега изнесува 1.223,5 долари за унца, што е за 36 проценти пониско од максимално постигнатата цена во 2011 година. Експертите сметаат дека времето на ниските цени на златото е добар момент за дополнување на резервите.
Банката на Русија оваа година потроши 65 милијарди долари на девизни интервенции за поддршка на курсот на рубљата. Притоа, златните и девизните резерви на Русија се намалени оваа година за 68 милијарди долари, на 443,8 милијарди долари.