15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД прекинува со купување обврзници за да ја стимулира економијата

ФЕД прекинува со купување обврзници за да ја стимулира економијата

The U.S. Federal Reserve building is seen in Washington

Американската Управа за федерални резерви (ФЕД) ја прекина својата програма за купување државни обврзници и други активи со цел да ја поттикне економијата и притоа главната каматна стапка ја остави на нејзиното историски најниско ниво, близу до нулата.

Овие одлуки, што беа објавени денеска, на крајот од дводневното заседание на комитетот за монетрана политика на американската централна банка, донекаде се очекувани.

По нивното објавување, веднаш дојде до намалување на главните индекси на американските берзи, а
доларот забележливо поскапе во однос на еврото. Курсот на американската валута, освен тоа, првпат го мина прагот од 43 руски рубљи за долар.

Управата за федерални резерви ја почна својата програма за стимулирање на американската економија уште во 2008 година, во екот на светската финансиска криза.

Во време на најголемата криза, ФЕД месечно купуваше хартии од вредност за 85 милијарди долари, а во последно време го намали обемот на купување до 15 милијарди долари месечно.

Централната банка потврди дека има намера каматата за краткорочните кредити и во следниот период да ја остави на нивото од нука до 0,25 проценти.

Доколку инфлацијата продолжи да се движи под нивото од два процента има мала веројатноста да дојде до
нејзино зголемување, информира американската централна банка.

Според повеќето економисти, ФЕД нема да пристапи кон зголемување на каматите пред средината на следната година.

Американската централна банка регистрира значително подобрување на состојбата на пазарот на трудот во САД, иако предупреди дека ситуацијата се уште не е нормализирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП