3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови мерки во Белорусија за намалување на инфлацијата

Нови мерки во Белорусија за намалување на инфлацијата

Nadezhda-Yermakova

Националната банка и влада на Белорусија очекуваат дека инфлацијата во оваа земја до крајот на годината ќе се намали на 18 проценти.

Во септември 2014 година годишната инфлација достигна 20 проценти. Се очекува дека новите мерки кои ги презема владата и Народната банка ќе овозможат нејзин пад на 18 проценти до крајот на годината, прецизираше директорката на Банката, Надежда Ермакова.

Според неа, во 2015 година власта има намера да ја забави инфлацијата на 12 проценти, пренесува ТАС.

„Тоа е прилично сложено, поради неопходноста на постепена либерализација на формирањето на цени и зголемувањето на цени кои административно се регулираат, условени со ускладувањето на тарифи и акцизи во Евроазискиот економски сојуз“, укажа директорката на Народната банка.

Таа смета дека во среднорочна перспектива, со оглед на ниското ниво на цените во партнерските земји, интеграциониот процес ќе помогне во намалувањето на инфлацијата во Белорусија.

Покрај тоа, Ермакова додаде дека девизните резерви на земјата на крајот на 2014 година ќе бидат на нивото од почетокот на годината.

Девизните резерви на Белорусија, според методологијата на ММФ, на 1 јануари оваа година изнесуваа 6,65 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП