25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНеочекувани загуби за Statoil

Неочекувани загуби за Statoil

statoil-oct

Норвешката нафтена компанија „Statoil“ во третиот квартал забележа неочекувана загуба поради падот на цената на нафтата и намалувањето на вредноста на средствата.

Компанијата, чии 67 проценти од акциите се во сопственост на норвешката влада, во трите месеци заклучно со септември забележа загуба од 4.7 милијарди круни (558 милиони евра), во однос на профитот од 14.3 милијарди круни во минатогодишниот период.

Резултатите ги изненадија аналитичарите кои предвидуваа профит од најмалку девет милијарди круни. Загубата е разултат на трошоците од 13.5 милијарди круни кои се поврзани со отписот на вредноста на проектите на полето на песокот од јаглен во Канада. Компанијата исто така имаше загуба поради падот на вредноста на проектите во Мексиканскиот залив и Ангола.

Како и другите нафтени компании, „Statoil“ е погоден од цената на нафтата и природниот гас. Приходите на норвешката компанија во третитот квартал се намалени на 12.2 отсто или на 148.2 милијарди круни. „Statoil“ и покрај тоа ја задржа целта за производство во 2014-та, која е поголема за два проценти во однос на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП