2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai во Европа ќе го понуди кросоверот ix25

Hyundai во Европа ќе го понуди кросоверот ix25

ix 25 40

Иако „Hyundai“ својот мал кросовер го конструираше за кинескиот пазар, како што дознава „Autonews Europe“, „ix25“ ќе биде понуден и на европските купувачи. Сепак, тоа не би требало да се случи пред 2017-та година.

„Hyundai“ во пролетта 2014-та на саемот во Пекинг го претстави малиот кросовер „ix25“. Станува збор за возило кое во гамата на корејскиот производител ја зазема позицијата под моделот „ix35“.

Имајќи во предвид дека се повеќе производители на автомобили на купувачите им нудат модели во сегментот под-компактни „SUV“ возила, вестта за новиот кросовер на „Hyundai“ не претставува изненадување.

Сепак, изненадување е тоа дека „Hyundai“ немаше во план од почеток да го вклучи „ix25“ во својата понуда во Европа, особено ако се има во предвид експанзијата на мали кросовери на овој пазар.

Според податоците кои ги објави „JATO Dynamics“, продажбата на овој вид автомобили пораснала во првата половина од 2014 за дури 89% или на 390.000 единици.

„IHS Automotive“ проценува дека до крајот на годината продажбата на мали „SUV“ модели ќе надмине половина милион возила, и дека до 2020-та ќе порасне на милион автомобили.

Најверојатно и во „Hyundai“ се запознаени со наведените бројки и дека ќе се обидат да се вклучат во пазарниот натпревар во овој сегмент. Според пишувањето на „Autonews Europe“, „ix25“ ќе пристигне во Европа, но и во САД, во 2017-та година, иако се уште не е познато каде ќе се произведува европската верзија.

„Hyundi ix25“ ќе започне да се продава во Кина до крајот на 2014-та, а некаде на половината на 2015-та ќе биде претставен модел за индискиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП