2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle вработува 1.000 роботи

Nestle вработува 1.000 роботи

Part-REF-REF25194-1-1-0

Јапонската филија на швајцарската компанија „Nestle“ соопшти дека ќе ангажира (вработи) 1000 паметни роботи „Pepper“, кои се креација на една француска групација.

Ова е прв пат роботи да бидат користени како продавачи, се наведува во соопштението на швајцарската компанија, во кое се додава дека овие хуманизирани машини од декември оваа година ќе бидат распределени во нејзините големи специјализирани продавници во Јапонија и продавниците кои нудат апарати за кафе на „Nestle“, пренесува францускиот весник „24 часа“.

Овие роботи, опремени со таблет, всушност ќе ги заменат вработените. Тие ќе бидат способни на купувачите да им дадат објаснување за најразличните артикли на еден интерактивен, но сепак природен начин.

Паметните роботи се креација на францската компанија „ Aldebaran Robotics “

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП