21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрантови од 200.000 денари за современo производство на јаболко во Преспа

Грантови од 200.000 денари за современo производство на јаболко во Преспа

jabolko1

Триесет и пет производители на јаболки од Преспа ќе добијат грант од УНДП за опрема, материјали и стручни совети за спроведување современи производни практики. Повикот за доделување на грантовите за воведување агроеколошки мерки во сливот на Преспанското Езеро е објавен, а максимален износ по грант изнесува 200.000 денари.

Во рамките на овој втор циклус, понудена е поддршка за интегрална заштита, исхрана и наводнување на постоечки јаболкови насади и за промена на култура. Изборот на примателите на грант ќе се изврши преку бодување според претходно дефинирани критериуми за селекција, како и согласно резултатите од стручен тест на знаење. Со цел да им се олесни изучувањето на агроеколошките мерки, како и подготовката за тестот, достапни ќе бидат соодветни материјали во форма на снимени предавања од стручни лица, прирачник и краток основен курс за агроеколошки мерки.

Грант програмата е овозможена во рамките на Проектот за заштита на Преспанското езеро, кој УНДП и Општината Ресен го спроведуваат со финансиската поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Проектот за заштита на Преспанското езеро има за цел да воведе сеопфатни мерки со кои значително ќе се подобри еколошката состојба на езерото и неговата отпорност кон притисоците кои доаѓаат од неговото сливно подрачје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП