2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Дојче Банк“ во големи загуби

„Дојче Банк“ во големи загуби

deutsche_bank121

Најголемата германска банка, „Дојче Банк“, забележала загуба од 92 милиони евра во третиот квартал.

Загубите се поради големите правни трошоци, согласувањето со новите прописи и настојувањето да се ослободат од претходните ризични инвестиции.

Банката исто така соопшти дека финансискиот директор Штефан Крауце ќе премине на друго место, каде ќе биде задолжен за стратегија, а на негово место ќе дојде поранешниот менаџер на „Голдман Сакс“, Маркус Шенк.

Шенк ќе биде заменик финансиски директор до годишниот состанок на банката кој ќе се одржи на 21-ви мај 2015-та, кога Крауце ќе биде назначен за шеф за стратегија на банката.

Нето загубата во кварталот кој заврши на 30-ти септември се споредува со добивката од 51 милион евра во истиот период од минатата година и добвика од 238 милиони евра во вториот квартал.

Нето приходите во овој период пораснаа за два отсто или на 7.8 милијарди евра.

Банката соопшти дека издвојувањето на средства за можните загуби во судските спорови кои против нив се водат, исто така „матријално влијаело“ на нејзиниот разултат.

Таа имаше трошоци од истрагата за наводните кршења на прописите, вклучувајќи ја и истрагата за можното местење на каматната стапка. Таа исто така беше под притисок од страна на регулаторните тела и пазарите да ги зајакне финансиите, поради што во јуни издаде нови акции со вредност од 8.5 милијарди евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП