25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМекдоналд: Се е исто како во 2008., пред нас е нова рецесија

Мекдоналд: Се е исто како во 2008., пред нас е нова рецесија

burza_wall_street__486403S1

Заканите и зајакнувањето на екстремистите на групацијата Исламска држава на Блискиот Исток, ширењето на смртоносниот вирус на ебола и нерешеното прашање на Украина би можеле светот да го воведат во нова економска криза, тврди еден од водечките американски економски експерти, Лоренс Мекдоналд, укажувајќи дека тие случувања ги тресат и берзите на Вол стрит.

Овој аналитичар, кој две години пред почетокот на светскиот финансиски колапс во 2008 година предвиде што ќе се случи, тврди за загрепскиот весник „Јутарњи лист“ дека акуелната состојба на глобалната економија го потсетува токму на тој период.

Според него американските и светските инвеститори се коцентрираат на САД, бидејќи глобалната економија е успорена, особено во Европа.

„Пазарот на обврзници со денови беше искучително уплашен. Тоа е делумно поврзано со слабата европска економија, но и глобалните закани, како што се еболата, ИД и непредвидливата ситуација во Русија и Украина“, рече Мекдоланд, додавајќи дека глобалните случувања секогаш имаат големо влијание на Волстрит.

Овој аналитичар појаснува дека стравот од еболата значително го забавил сообраќајниот систем, бидејќи се чувствува дека паниката од можното ширење на заразата би можела да го намали интензитетот на воздушниот сообраќај, што веќе се чувствува на пазарот.

„Терористите од ИД се уште поголем проблем, бидејќи освен што во светот се шири страв од тероризам, нивното дејствување предизвикува и турбуленции на пазарот на нафта“, додаде тој.

Мекдоналд појаснува дека со оглед на тоа дека се знае дека им се достапни големи количини на тој енергенс, тие го продаваат по 30 долари за барел, во ситуација кога цената на нафтата и онака се намалува. Кон кризата придонесува и лошата ситуација во Јапонија и успорувањето во Кина.

„Тоа не е добра вест за САД, кои во голема мера зависат од странските вложувања. Силниот долар сигурно ќе загрози дел од странските инвестиции, бидејќи се во САД поскапува, што во ниту еден случај не е добро“, предупреди Мекдоналд.

Според него САД се соочуваат и со внатрешни проблеми. Поради стравот од загрозената економија во пресрет на претседателските избори во 2018 година, каматите се држат на нула веќе пет години.

„Сите работи кои избија во 2007 година, повторно се тука и ситуацијата е мошне опасна“, тврди овој аналитичар нагласувајќи дека стопанството во светот во голема мера го успорува европската економија, давајќи го примерот на Грција, која го забавува закрепнувањето на Европа.

Тој додаде дека неочекуваната, но очигледна рецесија на Германија и намалувањето на прогнозите на ММФ за најголемото европско стопанство во еврозоната мошне ги загрижиле инвеститорите, особено големите.

„Тие ќе го притискаат европскиот финансиски пазар и ќе бараат одговори на клучните прашања за очекуваниот раст“, истакна Мекдоналд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП