3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова Љубљанска Банка успешно го поднесе стрес-тестот

Нова Љубљанска Банка успешно го поднесе стрес-тестот

NLB-Bank-making-loss

НЛБ успешно го поднесе сеопфатното оценување од стрес тестовите, кои ги спроведоа европските регулатори, со безбедносна разлика во вредноста од 364 милиони евра над граничната вредност, соопштија претставниците на банката.

Според основното сценарио, граничната вредност на корегираниот коефициент за адекватност на капиталот е осум проценти, а резултатот на НЛБ е 12,8 проценти, се наведува во соопштението.

НЛБ ги објави резултати од сеопфатното оценување на европските банки, кое го спроведе Европската централна банка (ЕЦБ), заедно со националните банкарски регулатори. Резултатот од сеопфатното оценување според неповолното сценарио покажува, како што наведоа од НЛБ, помал дефицит на капиталот во вредност од 34,25 милиони евра.

„Граничната вредност на корегираниот коефициент за адекватност на капиталот по неповолното сценарио изнесува 5,5 проценти, што за НЛБ значи негативно остапување во вредност од 0,47 процентни поени, се наведува во соопштението.

Од НЛБ соопштија дека сеопфатните мерки за реструктуирање целосно ќе го надокнадат малиот дефицит на капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП