23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Банките во еврозоната ги олабавија условите за кредитирање

ЕЦБ: Банките во еврозоната ги олабавија условите за кредитирање

bank121bank121

Ослабениот европски финансиски сектор покажува знаци на закрепнување, додека условите за добивање на банкарски кредити се олабавени, а пазарот за кредити расте.

Само неколку дена откако повеќето најголеми банки на еврозоната покажаа отпорност на т.н. стрес-тестови кои ги спроведе ЕЦБ, најновата квартална анкета на оваа институција говори дека банките ги олабавиле условите за одобрување на кредити за клиентите во речиси сите кредитни категории, пренесува агенцијата Франс прес.

„Според октомвриската анкета за банкарското кредитирање „БЛС“, кредитните стандарди за сите категории на кредити се олабавени во третиот квартал од 2014 година. Втор пат по ред еден мал нето процент од банките на еврозоната (3,0 проценти по 2,0 проценти од претходниот квартал) пријавија олабавување на кредитните услови за одобрување на кредити на претпријатијата“, се наведува во извештајот на ЕЦБ.

Резултатите од анкетата би требало да овозможат поттик за ЕЦБ, откако слабата кредитна активност во еврозоната беше обвинета за отсутноста на закрепнувањето во 18-члената еврозона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП