2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЖито Маркети отворија нов дисконт во скопската населба Драчево

Жито Маркети отворија нов дисконт во скопската населба Драчево

zito

Малопродажниот ланец Жито Маркети денеска го отвори својот најнов продажен објект во скопската населба Драчево.

Маркетот со концепт на дисконт е со вкупна продажна површина од околу 200 метри квадратни, лоциран е на улицата Иван Хаџиниколов 20 (поранешната улица Ратко Митровиќ), има сопствен паркинг, а ќе функционира со две наплатни каси.

zate

,,На жителите на Драчево, им нудиме концепт на малопродажен објект со пониски цени. Отвораме дисконт продавница што соодветствува со барањата и потребите на современиот потрошувач.  Жито Маркети со секој новоотворен објект останува доследен и ја применува својата веќе докажана политика – понуда и услуга во согласност со високите стандарди на компанијата како и исполнување на барањата на купувачите“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.

На денот на отворање, за купувачите беа достапни голем број промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи. Работно време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07.00 часот до 21.00 часот, додека во недела и во празнични денови, маркетот ќе работи од 08.00 до 14.00 часот.

zeti

Овој објект на Жито Маркети во скопската населба Драчево ќе овозможи осум нови вработувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП