21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Србија 22,11 милијарди евра, односно 66,8 отсто од БДП

Јавниот долг на Србија 22,11 милијарди евра, односно 66,8 отсто од БДП

belgradee

Јавниот долг на Србија кон крајот на третиот квартал оваа година изнесуваше 22,11 милијарди евра што е 66,8 отсто од бруто домашниот производ (БДП), објави српското Министерство за финансии.

Кон крајот на минатата година, јавниот долг на Србија изнесуваше 20,14 милијарди евра, односно 59,6 отсто од БДП.

Најнискиот однос на јавниот долг и БДП е забележан во 2008, кога изнесуваше 8,87 милијарди евра или 28 отсто од бруто домашниот производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП