19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Цветков на Форум во Романија

Министерот Цветков на Форум во Романија

mihailcvetkov5f46g76r7

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков на покана од заменик претседателот на Владата на Романија и министер за земјоделство и рурален развој Даниел Константин, денеска ќе учествува на Форумот за соработка во областа на земјоделството меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

Форумот, на кој ќе се обрати и министерот Цветков, е фокусиран на соработка во инвестициите и извозот на земјоделски производи помеѓу Централна и Источна Европа и Кина.

Форумот е во рамките на меѓународниот саем на производи и опрема за земјоделството, градинарството, лозарството и сточарството – ИНДАГРА 2014 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП