9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„R8 Competition“ - најмоќниот сериски модел (фото)

„R8 Competition“ – најмоќниот сериски модел (фото)

cometition r8

„Audi“ одлучи повеќе да не ги држи во неизвесност своите фанови, па пред светската премиера на саемот во Лос Анџелес на интернет ги објави фотографиите и деталите од нивниот најмоќен сериски модел досега – „R8 Competition“.

cometition r81

Автомобилот кој веројатно претставува последната верзија на актуелната генерација на популарниот модел, е означен како најмоќниот досега, а крие моќ од 570KS(425kW).

Под хаубата се наоѓа 5.2-литарски V10 мотор кој е поврзан со седумстепен „S tronic“ менувач и погон на сите четири тркала. Забрзувањето до „стотка“ е за 3.2 секунди со максимална брзина од 320 km/h, што го прави најбрз „R8“ досега.

cometition r82

Што се однесува на изгледот, очигледна е инспирацијата на „R8 LMS“ моделот, а тука се и бројните карбонски компоненти, како предниот спојлер, надоврешните ретровизори, задниот дифузор и спојлер…

Во тркачкиот дух, автомобилот е опремен и со спортски издувен систем, карбон-керамички сопирачки, а целиот енетериер го одликува минималистички функционален дизајн.

cometition r83

Производството на овој автомобил е ограничено на само 60 примероци, а изгледа дека моделот ќе биде екслузивно достапен само во САД.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП