17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗакрепнување на потрошувачката доверба во САД

Закрепнување на потрошувачката доверба во САД

amerika-potroshuvachka-doverba

Дoвербата на потрошувачите во САД во октомври закрепна по минатомесечниот пад, што е добар знак за претстојната сезона на празничните купувања, соопшти вчера американскиот истражувачки центар „The Conference Board“.

Индексот на потрошувачката доверба во САД порасна во октомври на 94,5 поени од септемвриските 89 поени, според податоците на „The Conference Board“, а пренесува агенцијата Франс прес.

„Кога станува збор за иднината, потрошувачите ја повратија довербата во краткорочните перспективи на економијата и пазарот на труд, и далеку се пооптимистични во поглед на својата потенцијална заработка“, изјави директорката на „The Conference Board“, Лин Франко, и додаде дека со оглед на приближувањето на празничната сезона, растот на потрошувачката доверба е добар знак за трговците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП