4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот се побогат и понееднаков

Светот се побогат и понееднаков

bogatstvo1

Светот е се побогат и се понееднаков, богатството во светот минатата година порасна за 8,3 проценти на годишно ниво.

Во последниот извештај на банката „Credit Suisse“ се наведува дека минатата година бројот на милионери е зголемен за четири милиони на 35 милиони, пренесуваат белгиските медиуми.

Педесет проценти од светското богатство му припаѓа на само еден процент од светската популација. Вредноста на богатството на триста најбогати лица во светот е еднаква со вкупното богатство на три милијарди најсиромашни жители на земјата.

Нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните расте од година во година.

Според оценката на „Credit Suisse“, лицата со банкарска сметка поголема од 2,800 евра спаѓаат меѓу 50-те проценти од најбогатиот дел на светската популација.

Сопствениците на сметка над 7,800 евра се вбројуваат во групата на 21 процент од најбогатите, а оние со 78.000 евра на сметка спаѓаат во групата на осум проценти од најмоќните во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП