8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan Kicks - eвтин кросовер за бразилскиот пазар (фото+видео)

Nissan Kicks – eвтин кросовер за бразилскиот пазар (фото+видео)

kicks nissan

„Nissan“ го претстави концептот „Kicks“ како најава за новиот кросовер за бразилскиот пазар. Автомобилот во гамата на јапонскиот производител ќе го заземе местото меѓу моделите „Juke“ и „Qashqai“.

„Nissan Kicks“ на прв поглед изгледа како помалку екстравагантна верзија на „Nissan Juke“.

kicks nissan1

Сепак, овој концепт со своите 4.300 mm е подолг од моделот „Juke“ зa 175 mm, додека неговото меѓуосовинско растојание изнесува 2.620 mm и е поголемо за 90 mm, што значи дека станува збор за функционален автомобил со повеќе простор во кабината и поголем багажник.

И другите две димензии, ширина (1.800 mm) и висина (1.600 mm), се поголеми отколку кај „Nissan Juke“, што значи дека „Kicks“ е поблиску до „Nissan Qashqai“.

kicks nissan2

Иако во најголема мера е обликуван во главниот центар на „Nissan“ во Јапонија, беа консултирани и дизајнерските студија на оваа компанија кои се наоѓаат во Северна и Јужна Америка.

Продукциската верзија, која ќе биде изведена од концептот „Kicks“, ќе биде наменета пред се за купувачите во Бразил, па дизајнот на автомобилот е инспириран според оваа земја:

„Nissan“, меѓутоа, ја разгледува можноста новиот кросовер да се нуди и на другите пазари, како евтина алтернатива на моделот „Juke“.

Јапонскиот производител засега не објави повеќе технички детали, како ни спецификациите на моторот, а концептот „Kicks“ официјална премиера ќе има на претстојниот авто-саем во Сао Паоло.

kicks nissan3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП