3 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Штип се отвoра Бизнис центар за мали и средни претпријатија за...

Во Штип се отвoра Бизнис центар за мали и средни претпријатија за Источниот регион

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во Штип ќе се отвори Бизнис центар за поддршка на малите и средни претпријатија во Источно планскиот регион. Владата, заедно со Министерството за локална самоупрва и УНДП планираат да има пет вакви бизнис центри кои ќе им нудат консултантски услуги на фирмите, но и ќе создадат база на податоци со кои капацитети и работна сила располагаат општините за можните странски и домашни инвеститори.

Заменик министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов оцени дека преку отварањето на Бизнис центарот за малите и средни претпријатија во Источно планскиот регион се постигнува соработка меѓу јавниот и приватниот сектор за поголем економски развој на општините.

„Овие Бизнис центри ќе нудат услуги од типот на пример, ако има нови законоски измени веднаш ќе бидат нотирани и известени фирмите. Еве на пример во Општина Штип ќе се знае колку и какви потенцијали ги има општината како човечки ресурси. Информациите и прилагоденоста на општинските администрации ќе бидат на повисоко ниво од досегашното“, појасни Пренџов.

Постојан преставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Луиса Витон вели дека со поддршката за отворање на петте Бизнис центри за мали и средни претпријатија во државата крајна цел им е да се промовира растот и просперитетот преку потикнување и отварање на нови мали и средни претпријатија.

„Првиот проблем на малите и средни претпријатија е секако пристапот до финансиски средства кои што им се потребни за да започнат и продолжат со работа, а второто е секако оние бирократски процедури кои што треба да ги поминат со цел да го започнат бизнисот. И всушност нашата цел е преку овие центри да ги добијат потребните информации, во вистинско време, со што би се олеснило нивното функционирање“, вели Витон.

Претседателот на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион, Тони Тоневски на денешното потпишување за отворање Бизнис центар смета дека општините, но и фирмите ќе имаат голем бенефит.

„Се надевам дека сите информации од луѓето кои што ќе работат во овој центар навремено ќе бидат дистрибуирани до сите претпријатија, а воедно преку него ќе ги промовираме и сите ресурси со кои што располагаме“, рече Тоневски.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека отворњето на Бизнис центарот, кој ќе биде во просториите на Центарот за развој на ИПР во Штип ќе значи промоција на индустриските зони во регионот, во кои со градењето и отворањето на новите фабрики ќе се намали и бројот на невработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП