29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето плата во август 21.217 денари

Просечната нето плата во август 21.217 денари

denari isplata

Просечната исплатена нето плата во август изнесувала 21.217 денари, што е зголемување од 0,5 проценти во споредба со истиот период 2013 година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, зголемување има во секторите Стручни, научни и технички дејности за 8,9 проценти, Градежништво за пет проценти и Уметност, забава и рекреација за 4,8 проценти.

Зголемување од 0,3 проценти има и кај бруто платата која изнесувала 31.080 денари. Според статистичките податоци, зголемувањето се должи пред се на покачувањето на платата во секторите Стручни, научни и технички дејности за 7 проценти, Градежништво за 4,6 проценти и Уметност, забава и рекреација за 4,2 проценти.

Плата не примиле 1,4 проценти од вработените во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП