8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMoделите на BMW од следната генерација ќе имаат малку поинаков стил

Moделите на BMW од следната генерација ќе имаат малку поинаков стил

bmw vision 21

„BMW“ ги најави своите планови дека ќе претстави различни дизајни за својата наредна генерација на основни модели. Многумина ги критикуваат, како „mainstream“, така и „premium“ производителите на автомобили затоа што претставуваат возила со многу мали стилски промени, кога станува збор за опсегот на нивни модели.

Меѓутоа, според зборовите на директорот на дизајн на брендот „BMW“, следната генерација на возила ќе изгледаат многу поразлично од оние кои германската компанија досега ги произведуваше.

Се очекува новите модели од сериите „1“, „3“, „5“ и „7“ да имаат повеќе индивидуален стил кој ќе ја одржува еклузивноста на брендот, истакнува Хабиб.

Тој исто така прецизираше дека идните модели ќе ја користат новата технологија на светла со „LED“ светилки со висок интезитет, што на „BMW“ ќе му овозможи да креира различни дизајни на предниот дел на своите основни модели.

Потенките „LED“ светла на идната „седмица“ ќе ослободат простор кој ќе му овозможи на „BMW“ да инсталира значително поголема предна решетка на моторот, но помалите модели, како што е „тројката“ не се погодни за ваква технологија поради високите трошоци и тие ќе се фокусираат на конвенционалните светла и различен преден дел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП